Сува храна за куче Reflex Plus Medium And Large Breed Adult Dog Lamb Sterilised 12kg

Сува храна за куче Reflex Plus Medium And Large Breed Adult Dog Lamb Sterilised 12kg

3.180 ден.2.862 ден.
Производител: Reflex Plus +
Шифра: REF4753
Достапност: На залиха
Количина:

Reflex Plus Sterilised Medium & Large Breed Adult Dog Food со јагнешко

Комплетна и избалансирана супер премиум сува храна со јагнешко, специјално формулирана за стерилизирани возрасни кучиња од средни и големи раси постари од 10 месеци.

Придобивки

XOS пребиотици
Природен пребиотик кој позитивно влијае врз здравјето на дигестивниот систем и го поддржува имунитетот.

Квасец
Извор на протеини со природни ароматични својства, богат со витамини од Б-комплексот и придонесува за подобро варење.

Глукозамин
Помага во одржување на подвижноста и флексибилноста на зглобовите и придонесува за нивното добро здравје.

DL-метионин
Помага во одржување на здравјето на уринарниот тракт, регулирање на pH-вредноста на урината и намалување на ризикот од создавање уринарни кристали. Исто така придонесува за здрава кожа и сјајно влакно.

Ленено семе
Природен растителен извор богат со Омега-3 масни киселини, кои придонесуваат за здрава кожа и сјајно влакно.

Yucca schidigera
Природно растение богато со сапонини кои го врзуваат амонијакот и придонесуваат за намалување на непријатниот мирис на изметот.


Состав

Преработен протеин од јагнешко месо (20%), преработен животински протеин, пченка, пилешка маст, хидролизиран животински протеин, ориз, пулпа од шеќерна репка, арома од црн дроб, сурутка во прав, витамини и минерали, ксило-олигосахариди (XOS), пивски квасец, ленено семе, сол, Yucca schidigera, глукозамин, хондроитин сулфат, конзерванси и антиоксиданси.

Минерали

Железо (3B103), јод (3B202), бакар (3B405), манган (3B502), цинк (3B603), селен (3B802).

Витамини

Витамин А (3A672A), витамин D3 (3A671), витамин Е (3A700), витамин C (3A300), витамини Б1, Б2, Б3 (ниацин), Б6, Б12, Б7 (биотин), Б9 (фолна киселина), витамин К3 (3A710), холин (3A890), калциум пантотенат (3A841).


Аналитички состав

  • Сурови протеини: 25%

  • Сурови масти: 13%

  • Сурова пепел: 7,5%

  • Сурови влакна: 2,5%

Нутритивни адитиви (на кг)

  • Витамин А (3A672A): 18.000 IU

  • Витамин D3 (3A671): 1.500 IU

  • Витамин Е (3A700): 200 mg

  • Витамин C (3A300): 200 mg

81% од вкупната содржина на протеини потекнува од висококвалитетни состојки од животинско потекло.


Препораки за хранење

  • Следете ја табелата на пакувањето за препорачаната дневна количина на храна (во грама) според телесната тежина и телесната кондиција на кучето (A – слабо, B – нормално, C – со прекумерна тежина).

  • Дневната количина може да варира во зависност од температурата на околината, начинот на живот (домашно или надворешно куче), темпераментот и нивото на активност.

  • За одржување на идеална телесна тежина, храната се препорачува да се дозира со мерење.

  • Количината прилагодете ја според апетитот, изгледот и столицата на кучето.

  • При премин на нова храна, воведувајте ја постепено во период од најмалку 7 дена, мешајќи ја со претходната храна.

  • Обезбедете постојан пристап до свежа и чиста вода. Водата менувајте ја најмалку еднаш дневно.

  • Производот чувајте го на суво и ладно место, а пакувањето секогаш добро затворајте го по употреба.

  • Не е наменето за човечка исхрана.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Поврзани производи
Тагови: Dog Food
Палавковци © 2026. UKION SHOPS
Reflex Plus + Сува храна за куче Reflex Plus Medium And Large Breed Adult Dog Lamb Sterilised 12kg Reflex Plus Sterilised Medium & Large Breed Adult Dog Food со јагнешко Комплетна и избалансирана супер премиум сува храна со јагнешко, специјално формулирана за стерилизирани возрасни кучиња од средни и големи раси постари од 10 месеци. Придобивки XOS пребиотици Природен пребиотик кој позитивно влијае врз здравјето на дигестивниот систем и го поддржува имунитетот. Квасец Извор на про.. Category: Product #: REF4753 Regular price: 2.862 ден. 2.862 Available from: Палавковци