Plaqueoff 40 GR
1.490 ден
ProDen PlaqueOff®
Системски преку плунката делува против лош здив, забен камен и забен плак. ProDen PlaqueOff® прашокот доаѓа во гранулирана форма која лесно се додава во храната секој ден. Активна состојка е специјално избраната алга, Ascophyllum nodosum, којашто расте на брегот на северниот дел од Атлантикот. Богата е со природен јод и содржи важни витамини и минерали.
Едноставно посипете врз храната на вашето домашно милениче.
Грижата за забите е еден од најзанемарените здравствени проблеми со кои се занимаваат сопствениците на домашни миленици.
Ако вашето куче страда од лош здив, тоа секако е знак за проблеми со оралното здравје.
Ако таложењето забен камен не се лекува, може да резултира со лош здив, заболување на непцата, расипани заби и предвремено губење на забите. Забен камен кој е дозволено да остане предолго може да предизвика и инфекции кои можат да се шират низ телото и да го оштетат срцето, белите дробови, црниот дроб и негативно да влијаат врз функциите на бубрезите.
ProDen PlaqueOff® прашокот е стоматолошки производ за миленици, којшто може да помогне во намалување на наслагите и забниот камен. Овој целосно природен производ е направен од специјално избрани норвешки алги (D1070). ProDen PlaqueOff® прашокот има корисно влијание врз оралната хигиена, го намалува лошиот здив до 63% по 12 недели и го намалува плакот до 35% по првите 8 недели од користење.
PlaqueOff Dog прашокот не содржи:
- пигменти;
- адитиви;
- вештачки конзерванси;
- глутен;
- шеќер.
Состојки: 100% специјално избрани органски алги. Природен јод 0,08%. Аналитички состојки: сиров протеин 5-8%, сирови масти 2-4%, сирова пепел 15-27%, сирови влакна <8%. Калории: 0,17 кал/дозерка.
Начин на употреба: посипете од прашокот еднаш дневно врз сува или влажна храна. Дозерка е вклучена во пакувањето.