Кучиња и високи летни температури
Никогаш не го оставајте кучето само во автомобил. Дури и да сметате дека ќе се вратите за неколку минути, не заборавајте дека температурите во затворен автомобил можат да достигнат 38℃ за 10 минути и тоа со подотворен прозорец, а за 30 минути можат да достигнат температури и до 48℃! Ако го ставате кучето само во домот, оставете го прозорецот отворен или пак вклучете вентилатор или клима. Жештината влијае лошо и на нив, не само на луѓето! Шетајте го во одредени часови од денот (рано наутро или во вечерните часови) кога температурите не го достигнуваат максимумот. И секако, секогаш носете вода со себе си (и за вас и за вашиот миленик). Проверете го тротоарот пред да излезете на прошетка. Ако е премногу жежок на вашата рака, тогаш не е добро шепите на кучето да бидат изложени на такви температури. Ако морате да излезете, одбегнувајте кучето да се движи по асфалт и движете се на трева. Ако го оставате кучето некаде надвор на одредено време (парк за кучиња), осигурајте се дека има вода (совет плус: во водата ставете неколку коцки мраз за по некое време се уште да биде ладна) и дека местото има сенка каде што кучето ќе може да ги избегне сончевите зраци доколку почувствува дека температурите се превисоки за него. Сенки од дрвата се најдобра опција бидејќи сенката од затворени куќички можат да предизвикаат уште повеќе жештина. Давајте му ладни закуски, храната чувајте ја во фрижудер или пак направете му домашен сладолед од кучешка храна.. Внимавајте на влажноста на воздухот. Кога има премногу влага во воздухот, кучето не е во можност доволно да се излади, ова може да доведе до покачување на неговата температура и да предизвика срцев удар. Ако е жешко, приберете го кучето внатре на ладно и обезбедете му доволно вода. Ако вашето куче е од раса како паг или булдог, треба да внимавате бидејќи тие имаат помали дишни патишта и им е потешко да ослободуваат топлина. Исто така, ако вашето куче е старо, подебело или има други здравствени проблеми треба да внимавате бидејќи тие кучиња се поизложени на срцев удар предизвикан од високи температури. Ако вашето куче има долги влакна, за време на летото обезбедете му “фризура” која ќе ги олесни високите температури и нема да му предизвикува дополнителна топлина. Посетувајте го вашиот ветеринар за било какви проблеми или дополнителни прегледи и вакцини. Внимавајте на болвите кои се најзастапени во летниот период!